
Возачите на камиони кои вршат меѓународен превоз мора да поседуваат разни сертификати и да испочитуваат многу правила и прописи кои важат во меѓународниот сообраќај. Освен возачка дозвола за „Ц„ и „Д„ категорија возачите на камиони и автобуси мора да поседуваат Сертификат за професионална компетентност на возачи, а оние кои превезуваат нафта и нафтени деривати мора да поседуваат АДР Сертификат. Сертификатите кои ги најавува претседателот на САД, Донал Трамп се однесуваат на професионалните правила на возачите на камиони кои важат во Ервопа и во САД, вели за „Локално“, генералниот секретар на Асоцијација Макам-транс Биљана Муратовска.
-Освен Сертификат за возачи, возачите на камиони мора да поседуваат и АДР Сертификат за оние кои превезуваат опасни материи – горива, плин…во цистерни и општ сертификат за превоз на опасни материи во камион. Сите возачи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај мора да имаат тахографски картички, кои се дел од опремата на возилото. Секое возило има тахограф и ако возачот сака да го стартува возилото ја става картичката. Во меѓународниот сообраќај има посебен Закон со кој им се мери работното време на возачите на камиони, како и времето за паузи, одмори…Ние работиме според АЕТР спогодба, односно како што секоја дејност има посебен Закон за работни односи, оваа спогодба ги уредува работните односи на возачите на автобуси и камиони затоа што во текот на 24 часа секоја секунда им се мери. Во рамките на оваа спогодба е регулирано и времето за задолжителен дневен и неделен одмор, вели Муратовска.
Целиот текст на Локално.мк
Фото: Pixabay











