
Просечната бруто плата пресметана за јули оваа година во Србија изнесувала 150.646 динари, (1,285 евра) додека просечната нето плата без даноци и придонеси изнесувала 109.071 динари, (930 евра) објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија.
Растот на бруто заработката во периодот од јануари до јули 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесувал 11,1 процент номинално, односно 6,4 проценти реално, додека просечната нето плата била поголема за 11 проценти номинално, односно за 6,3 проценти реално.











