
Кога фирмата има неплатени даноци, не одговара само фирмата. Според Законот за даночна постапка, основачите и управителите може да бидат прогласени за ДАНОЧНИ ГАРАНТИ – што значи дека УЈП може да бара наплата и од нив лично. Само во вториот квартал од 2025 година, Управата за јавни приходи донесе 278 решенија за задолжување на основачи и управители како даночни гаранти, со вкупен износ од 976.876.307 денари или приближно 15.880.920 евра.
Одговорноста не завршува со:
• отуѓување на имотот на фирмата,
• префрлање на бизнисот во друга фирма,
• затворање на фирмата…
УЈП има законска моќ – следи, реагира, извршува присилно. Под удар на присилно извршување може да бидат имотот и приходите на одговорните лица во фирмите
Водењето бизнис носи и права и обврски. Даночната дисциплина е темел на одржливо стопанство и стабилна економија.
Од Управата нагласуваат дека водењето бизнис носи и права и обврски, и дека токму даночната дисциплина е основа за одржливо стопанство, правична конкуренција и стабилен јавен буџет.
Со оваа порака, УЈП преку објава на Фејсбук профилот уште еднаш ја истакнува важноста на превентивно и навремено исполнување на даночните обврски, особено во време кога државата интензивно се фокусира на фискална дисциплина и транспарентност.











