
Американската компанија „Старбакс“ објави дека затвора стотици продавници во САД, Канада и Европа, како и дека отпушта 900 вработени кои не се занимаваат со малопродажба.
Гигантот за кафе од Сиетл истакнува дека затворањето на продавниците ќе започне веднаш и дека ќе ги фокусира поголемиот дел од своите ресурси на реструктуирање на бизнисот, објави АП.
„Старбакс“ вели дека на отпуштените работници ќе им биде понудена отпремнина и преместување секогаш кога е можно.











