
И покрај тоа што просечната плата се движи околу 740 евра, Македонија и натаму е на дното во регионот. Во Србија просекот е околу 930, во Босна и Херцеговина околу 800, во Црна Гора повеќе од 1.000, а во Хрватска и Словенија платите одамна ја поминаа границата од 1.300 до 1.500 евра. Оваа разлика е една од главните причини за масовната емиграција, особено на младите и квалификувани кадри, кои во потрага по подобри услови го напуштаат домашниот пазар на труд.
По објавата на Државниот завод за статистика дека има раст на просечната плата во Македонија која во јули достигна 45.276 денари се стекнува впечаток дека животните стандард се подобрува за сите граѓани. Но, во пракса не е така, бидејќи просечна плата не земаат ни половина од работниците. Според статистиката, најголем дел од работниците во Македонија, односно околу 80 отсто земаат од минимална до просечна плата.
Во последниве неколку години просечната плата има постојана тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на порастот на минималната плата и покачувањата на платите во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство. Економистите стојат на ставот дека просечната плата не е репер за стандардот на граѓаните и за да се добие вистинска слика за платите на работниците потребно е да се мери „средна плата““.
-Околу 80 отсто од работниците земаат медијална плата, а околу 90 отсто земаат под минимална и средна плата. Овие бројки покажуваат дека потребата од зголемување на платите е реална. Ние бараме зголемување на платите за задоволување на основните животни потреби и задржување на стандардот и куповната моќ на граѓаните. Не се само основните прработоизводи, поскапени се и услугите, лековите…Државата треба да преземе мерки или за зголемување на платите или за намалување на цените, бидејќи со овие плати и овие цени тешко се живее, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.
Целиот текст на Локално.мк











