
Европската Унија сака да ги продолжи трговските преговори со Соединетите Американски Држави, но во исто време е подготвена да одговори доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведе заканата за воведување царини од 25 проценти за автомобили и камиони од ЕУ, изјави денес претседателот на Еврогрупата, Киријакос Пјеракакис.
Според него, дијалогот е првата опција за Брисел, но доколку има отстапување од договорената трговска рамка со Вашингтон, „сите опции се на маса“.
„Сакаме да бидеме предвидлив партнер во меѓународната економија и веруваме во трансатлантските односи“, изјави Пјеракакис за Блумберг.











