
Најголемиот европски производител на автомобили, „Фолксваген“, објави дека почнувајќи од 6 октомври, привремено ќе го запре производството во своите фабрики во градовите Дрезден и Цвикау поради слаба побарувачка за електрични возила.
Според „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ фабриката во Емден исто така размислува за привремено прекинување на работата, додека во Оснабрик веќе е одлучено дека до крајот на годината ќе се воведува барем еден ден пауза во производството секоја недела, со дополнителна недела застој во октомври.
Портпаролот на компанијата во Волфсбург изјави дека „Фолксваген“ ја „прилагодува производствената програма на моменталната побарувачка на пазарот“ и додаде дека во пракса тоа значи откажување на одредени смени.











