
Според податоците на Државниот завод за статитика продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2025 година се непроменети во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени во групите Енергија за 0.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 %, а се намалени во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3%.
Во август 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.9 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 6.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.1 %.