ДЗС: Индекс на прометот во индустријата во октомври

33

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 110.2.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2013, во однос на октомври 2012 година, бележи опаѓање од 13,7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 22,4%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи опаѓање од 21,5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,9%.
Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3%, Капитални производи за 39,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 70,7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 31,5%.
Индексот на прометот во индустријата во октомври 2013 година, во однос на септември 2013 година, изнесува 108,0, додека во периодот јануари-октомври 2013 година, во однос на периодот јануари-октомври 2012 година, изнесува 106,8.