Евростат: Соларните панели доминираат во увозот на ЕУ

Во текот на 2024 година, Европската Унија увезе производи и технологии од секторот за обновлива енергија со вкупна вредност од 14,6 милијарди евра, според податоците објавени денес од Евростат.

Најголемиот дел беа соларни панели со вредност од 11,1 милијарди евра, по што следуваа течни биогорива со 2,9 милијарди, додека увозот на ветерни турбини вредеше околу 0,5 милијарди евра.

Падот на просечните цени на сончевите панели доведе до намалување на нивната вредност на увоз за 43 проценти во споредба со 2023 година, иако вкупниот износ на увоз на оваа стока се зголеми за два проценти.