Србија понуди да го откупи рускиот дел во НИС, Москва претпочита продажба на трета страна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ понуди на руската делегација да купи дел од руската сопственост во Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Идејата на таквата понуда е, кога ситуацијата на меѓународно ниво ќе се нормализира, уделот да биде вратен на руската страна.

Сепак, Москва не е премногу склона кон такво решение, пишуваат „Вечерње новости“ врз основа на нивни неофицијални информации и додаваат дека, се чини, поприфатливо решение за Русија е да го продаде својот дел на трета страна, евентуално на Американците.

Весникот пишува дека Вучиќ го дал предлогот на неодамнешната средба со претседателот на Управниот одбор на „Газпромнефт“, Александар Ѓуков, и рускиот заменик-министер за енергетика, Павел Сорокин, објави „Бета“.