Европската комисија воведува нови правила за регулирање на туристичкиот сместувачки капацитет

Европската комисија објави воведување на нови правила за краткотраен наем на туристички сместувачки капацитети и предупреди дека прифатливоста на домувањето стана фокусна точка на социјалната криза низ целата Унија.

Европскиот план за домување, кој ќе биде презентиран до крајот на годината, треба да ги ограничи негативните последици од туристичкото сместување врз локалните пазари, особено во урбаните средини каде што кириите растат, а можноста за долгорочно изнајмување не е достапна, објавува порталот „Јуровикли њуз“.

Како што е наведено, Европската Унија планира да воведе обврска за споделување податоци помеѓу дигиталните платформи како што се Booking и Airbnb со локалните власти, стандардизирани системи за регистрација за лица кои издаваат сместување под наем и можни ограничувања на бројот на денови за издавање имоти под наем во текот на годината.