
Во август, Франција го зголеми извозот на вино во Русија на речиси годишен максимум од 1,2 милиони евра, покажува анализата на податоци на Евростат.
На крајот од летото, Русија го зголеми увозот на француско вино за една третина, во вредност од 1,2 милиони евра, а последен пат го зголеми увозот во септември минатата година, кога откупот изнесуваше 1,6 милиони евра, пренесува РИА Новости.
Покрај тоа, руските компании почнаа да купуваат повеќе вино од Латвија – за 18 проценти, односно 11,7 милиони евра, и од Шпанија – за девет проценти, односно 1,3 милиони евра, пишува Танјуг.
Во меѓувреме, Италија остана главен снабдувач на вино од ЕУ на рускиот пазар, иако нејзините испораки се намалија за една четвртина во август, на 16 милиони евра.
Полска, исто така, забележа пад од 17 проценти, на 6,6 милиони евра, Португалија за една четвртина, на три милиони евра, а Германија за речиси половина, на 1,5 милиони евра.
Вкупниот увоз на руско вино од Европската Унија во август изнесуваше 43,2 милиони евра, што е за 13,5 проценти помалку од испораките во јули.











