Европските индекси ја започнаа неделата со раст, цената на нафтата во пад, златото над 4.250 долари

Европските берзански индекси денес се во пораст по нестабилните денови кога на пазарот доминираа загриженоста за лошите кредити во американскиот банкарски сектор, а цената на нафтата паѓа со истовремено зголемување на цената на златото над 4.250 долари.

Инвеститорите оваа недела ќе ги следат заработките од големите европски компании како што се Loreal, SAP, Heineken, Sanofi, Kering, Roche и Unilever.

Дополнително, Netflix, Tesla и Intel ќе објават квартални резултати во Соединетите Американски Држави, објавува CNBC.