
Еврото изгуби повеќе од 80 проценти од својата вредност мерена во злато од неговото воведување во 1999 година, изјави Бернхард Матес, менаџер на средства воBank für Kirche und Caritas eG, во интервју за германскиот ФАЗ.
Според него, ова е последица на мерките што ги преземаат централните банки кои спроведуваат екстремно лабава монетарна политика, па затоа парите вредат помалку, а еврото е најизложено.
На 4 јануари 1999 година, за едно евро можеше да се добијат 128 милиграми злато, додека денес само 23 милиграми. Сличен е примерот за доларот, додека швајцарскиот франк изгуби две третини од својата вредност.
Интересна е и споредбата со некои производи. Во 1906 година, кригла пиво на Октоберфест чинела 0,38 марки или 0,14 грама злато, а на овогодинешниот фестивал на пивото во Минхен, за пиво морало да се издвојат 11,50 евра, или 0,26 грама злато, што е речиси двојно повеќе од пред 113 години.











