We-Fi Кодекс – Поддршка за женското претприемништво

Народната банка ја предводи националната имплементација на Кодексот за финансирање жени претприемачи (We-Fi Code), чија цел е зголемување на пристапот до финансии за претпријатија во претежна сопственост на жени, како и намалување на родовиот јаз во финансирањето, во нашата земја.

Во рамки на овие активности, за првпат се достапни нови податоци за пристапот до кредити на микро, мали, средни и големи компании во сопственост на жени, со состојба од март 2025 година. Овие податоци се презентирани преку интерактивен дашборд, достапен на следниот линк: mkddashboard.fsturkey.com/mk

Според Народната банка, објавувањето на вакви податоци претставува важен чекор кон поголема транспарентност и подобро креирање на политики што ќе го поттикнат женското претприемништво.

Зошто е важно:

• Поттикнување лидерство и иновации

• Поддршка на женското претприемништво преку достапност на финансии

• Заеднички активности на државни институции, финансиски субјекти и граѓански организации

Повеќе информации за самиот кодекс може да се најдат на официјалната веб-страница: https://www.we-fi.org/we-finance-code/