
Њујоршката банкарска корпорација „Голдман Сакс“ во извештај објавен денес предупреди за растечките ризици во глобалните синџири на снабдување со ретки земни метали (РЗМ) и критични минерали, првенствено поради доминацијата на Кина во рударството и преработката на овие суровини.
Кина сега контролира 69 проценти од глобалното рударство на РЗМ, 92 проценти од нивната преработка и 98 проценти од производството на високо-перформансни магнети што се користат во модерните технологии, објавува „Ројтерс“.
Станува збор за група од 17 метали клучни за производство на батерии за електрични возила, чипови, технологија за вештачка интелигенција и воени системи.











