Уште една европска метропола ја забрани услугата за изнајмување електрични тротинети: На граѓаните им “прекипе“

Главниот град на Чешка, Прага, го забрани изнајмувањето електрични тротинети од Нова Година. Градскиот совет одлучи за тоа во понеделникот. Граѓаните се пожалија на неправилно паркирани електрични тротинети, а имаше и зголемување на несреќите (некои фатални).

Услугите за тротинети како што се Bolt и Lime може да се изнајмат преку апликација за паметни телефони. Електричните ромобили за изнајмување се особено популарни меѓу туристите за брзо и флексибилно истражување на градот.

Како алтернатива, се нудат велосипеди за изнајмување. Да потсетиме дека, од големите европски метрополи, слични одлуки донесоа Мадрид и Париз.