Акциите на „Лореал“ паднаа за 7,1 проценти, кварталните резултати не ги исполнија очекувањата

Акциите на француската компанија „Лореал“ паднаа за 7,1 процент на парискиот пазар денес, откако компанијата објави резултати за третиот квартал од 2025 година кои не ги исполнија очекувањата на пазарот.

Компанијата објави дека нејзините приходи од продажба се зголемиле за 0,5 проценти на годишно ниво на 10,3 милијарди евра, додека органскиот раст при константни девизни курсеви изнесувал 4,2 проценти, што е помалку од пазарните очекувања за раст од 4,5 проценти, објавува „Фигаро“.

Резултатите беа мешани, бидејќи продажбата се опорави на клучните пазари Кина и САД, но вкупната продажба во Северна Латинска Америка не ги исполни прогнозите.