
Производителот на пиво Хајнекен денес објави дека растот на оперативната добивка за 2025 година ќе биде на долниот крај од неговиот прогнозен опсег од четири до осум проценти, по послабите резултати во третиот квартал од 2025 година и намалената побарувачка во Европа и Америка.
Вкупната продажба на пиво во третиот квартал од оваа година се намали за 4,3 проценти на годишно ниво на органска основа, додека продажбата на брендот Хајнекен се намали за 0,6 проценти, а сегментот на премиум пиво за 2,2 проценти, се наведува во извештајот.
Ако ги анализираме податоците за првите девет месеци од 2025 година, продажбата на брендот Хајнекен забележа раст од 2,7 проценти од почетокот на годината, а сегментот на премиум пиво забележа скромен раст од 0,4 проценти.











