Имигрантите – клучни за германската економија: без нив би застанале цели сектори

Цели сектори на германската економија тешко би функционирале денес без работници од имигрантско потекло. Според податоците на Дестатис, повеќе од една четвртина од сите вработени спаѓаат во таа категорија.

Меѓу готвачите, на пример, тројца од пет работници се од имигрантско потекло, а меѓу вработените во производството на храна, 54 проценти.

Повикувајќи се на бројки од минатогодишниот микропопис – ист како и големиот попис, но на репрезентативен примерок – статистичарите наведуваат дека 26 проценти од сите вработени лица во Германија имигрирале или се деца на луѓе кои имигрирале по 1950 година.

Има релативно малку вработени од имигрантско потекло во некои занимања оптоварени со недостиг на работна сила – тие сочинуваат осум проценти од работниците во службите за итни случаи, девет проценти во судството и 15 проценти во земјоделството.

Освен во дефицитарните професии, луѓето од имигрантско потекло ретко се вработени во полицијата, јавната администрација, образованието и даночните служби.

По сектори, уделот е особено висок во угостителството, услугите за чистење згради, хотелското управување, складирањето и курирските услуги.

Надпросечен удел на работници од имигрантско потекло е регистриран и во грижата за стари лица и во автомобилската индустрија. Овие сектори вработуваат повеќе од милион луѓе, а уделот на имигрантите во двата сектора е 32 проценти.

Вработеноста на имигрантите и нивните деца е под просекот во јавниот сектор, осигурувањето, земјоделството и образованието.