Рено ги зголеми приходите во третиот квартал за 6,8 проценти на годишно ниво, на 11,4 милијарди евра

Францускиот производител на автомобили „Рено“ денес соопшти дека неговите приходи во третиот квартал од 2025 година се зголемиле за 6,8 проценти на годишно ниво на 11,4 милијарди евра и ги потврдија своите цели за целата година и покрај претходното намалување на прогнозата во јули.

Во периодот од јули до септември, „Рено“ продаде 529.486 возила, што претставува зголемување од 9,8 проценти во споредба со истиот квартал минатата година.

Продажбата надвор од Европа се зголеми за 14,9 проценти, додека во Европа е забележан раст од 7,5 проценти, објавува „Фигаро“.