
Турција ќе ја изгради првата фабрика за муниција во Косово, објавува EUalive.
Турскиот државен воен гигант МКЕ (Makina ve Kimya Endüstrisi A.Ş.) потпиша договор за изградба на првата фабрика за муниција во Косово, со производствен капацитет од 20 милиони парчиња годишно. Фабриката треба да биде завршена следната година.
МКЕ ќе ги изгради сите потребни објекти и ќе обезбеди сеопфатна обука за производство, одржување и поправка. Според договорот, компанијата ќе обезбеди машини за производство на муниција, линии за склопување, лаборатории, како и опрема за тестирање.
МКЕ истовремено ќе обезбеди техничка помош на локалните работници, кои ќе бидат обучени од експерти од Турција.











