Град Скопје ги одбра најдобрите трговски објекти за 2013

44

grad-skopje Во текот на месец ноември, Градот Скопје и Агенцијата SWOT Research, по седми пат го спроведоа истражувањето за најдобрите трговски објекти за 2013 година на територијата на Скопје. Истражувањето е реализирано во рамки на проектот Месец на Трговијата.
“Месец на трговија е проект кој Градот Скопје го организира по седми пат со цел да ја разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата спрема купувачите, како и заради подигнување на општото ниво на квалитет во трговските објекти на територијата на Градот. Овој проект Градот Скопје го организира со цел да го поттикне и поддржи развојот на трговијата и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки. Ние сме особено горди што со сите спроведени истражувања, од година во година, можеме да видиме дека голем дел од трговците континуирано работат во насока на подобрување на услугата и целат кон развој на трговијата следејќи ги трендовите од Европа и светот”, истакна градоначалникот Трајановски.
Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета на независни и објективни тајни купувачи кои го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата во трговските објекти според однапред утврдени критериуми.
Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти. Во категорија супемаркет, најдобар е Тинекс, потоа Тедико Супер, па Нова Маркет. Од салоните за мебел и канцелариска опрема првото место и припадна на Леснина Ми, второто на Мебел Ви, а третото на Акрон Скопје. Во категоријата парфимерии и козметика најдобар трговски субјект е Тесори ди маре, потоа Еликсир ексклузив и Ри-Ма. Во категоријата бутици, за најдобар бутик е прогласен Енци Менци, потоа Фокабо, па Конели. Во категоријата апарати за домаќинство, бела техника и се за дома најдобри се Тајм-С, Нептун и Мигор Дел Стор. За компјутерска, аудио-видео и телекомункациска опрема, првото место му припадна на Ај стаил, потоа Галерија Сони и Невада и во последната каегорија модни додатоци и накит, надобро пласирана е Сигма, потоа Тесоро, а третото место и им припадна на Б-воч.
Испитувањето, секоја година, се спроведува според следните шест критериуми: изглед на продажното место, прв контакт со вработените, услуга на вработените, продажни вештини, завршен контакт и задоволство со купувачкото искуство. Резултатите од истражувањето јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци и препораки за во иднина.