БИЗНИС-КРЕДИТИ: Длабок јаз во делба на “банкарскиот колач“ – само 7,5% од вкупните кредити отпаѓаат на жени!

Од скоро 4 100 000 000 евра кредити за мали и средни претпријатија само 308 127 000 евра или 7,53% биле одборени на жени додека близу 3 783 000 000 или 92,47% отпаѓаат на мажи.

Овој сооднос покажува сè уште присутен длабок јаз на распределбата на “кредитниот колач“ според родова припадност. Пропорционално на распределбата на вкупниот износ на кредити соодветствува и распределбата на бројот на одборени кредити па така 4. 475 кредити или 13,78% отпаѓаат на жени додека 27. 994 бизнис – кредити или 86,22% се одоборени на мажи.

Новото истражување на Народната банка во кое е опфатена родова анализа на кредити според бројот, сумата, секторите, намена, покажува дека во вкупната банкарска слика за кредитирање, жените “заостануваат“ далеку зад мажите.
Жените се носители на кредити за компании од различен калибар,  но бројот на земени кредити чии носители се жени е далeку помал од оној на мажите.

Единствен пример каде жените предничат пред мажите се кај кредитите за мали претпријатија во кој удел од 59% имаат жените додека 48% отпаѓаат на мажи. Во корпусот на кредитните линии за бизнисот останува “доминацијата“ на мажите. Од вкупниот број на кредити, 31% од кредитирањето за микро-фирми отпаѓа на жени, а 34% на мажи додека кај кредитите за средни фирми 8% од вкупниот број се одборени на жени додека 12% на мажи.
Кај кредитирањето на големите компании уделот на мажите изнесува 6% додека на жените 3%.
         Кредитирање според родова припадност
Вкупен износ на кредити                           4 090 884 000 евра
-мажи                                                        3 782 757 000 евра
-жени                                                           308 127 000 евра

Најголем број од земените кредити и мажите и жените ги наменуваат за “обртни средства“ – конкретно 77% од жените и 78% од мажите се носители на ваков вид на кредити.
Анализата според кредитирање на бизис-сектор покажува дека жение имаат поголемо учество во бројот на кредити единствено во два сектори: секторот “некласифицирано“ каде уделот на жените во вкупниот број на кредити изнесува 41,2 % додека на мажите 40,6% и секторот “трговија на големо и на мало“ каде во однос на вкупниот број на кредити учеството на жените изнесува 20,9%, а на мажите 20,1%.

Жените речиси ги нема во бројот на одoбрени кредити во здравството, јавна управа, одбрана, други услужни дејности, рударството, енергетскиот сектор па дури и во уметноста, забавата, финансиските дејности.
Ако пак се анализира според висината на “задолженоста“ во банките – жените се носители на највисоки износи на кредити во секторот “некласифицирано“ со учество од 29%, потоа во “трговијата“ каде уделот изнесува 22,5% од вкупниот кредитен колач и во дејноста “преработувачката индустрија“ 14,7% од вкупната кредитна задолженост отпаѓа на жените.
Иако само 0,.2% од вкупните кредити зад кои стојат жени, отпаѓаат на секторот “рударство и вадење камен“ токму овој сектор е “најпроблематичниот “ за отплата на кредити, со скоро 76% удел во вкупните нефункцоналните кредити на жените.
Според полова структура, од вкупниот број на кредити одборени на жени 69 или 1,54% се нефункционални кредити (неплатени повеќе од 90 денови) додека уделот на нефункционалните кредити на мажите во однос на вкупниот број на одборени кредити изнесува 2,76%.

Д.А.