
Стопанска банка АД – Скопје информира дека со денешен датум, 28 октомври 2025 година, проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска поднела оставка од функцијата независен член на Одборот за ревизија на Банката.
Од Банката истакнуваат дека Божиновска Лазаревска, со своето долгогодишно професионално искуство и експертиза, дала значаен придонес во работата на Одборот за ревизија и во унапредувањето на системите за корпоративно управување и транспарентност.
Во соопштението се наведува дека Стопанска банка очекува нејзиниот ангажман да продолжи и понатаму, преку активности насочени кон подобрување на корпоративното управување и надзорот во рамки на Надзорниот одбор.














