
Македонската берза соопшти дека на 28 октомври 2025 година ги избриша издавачите „Герас Цунев Конфекција“ АД Струмица и „Герас Цунев Трговија“ АД Струмица од Листата за набљудување, која редовно се објавува на нејзината веб-страница.
Како причина за бришењето се наведува фактот дека постапката за преобразба на друштвата е завршена.
Двете компании беа внесени на Листата за набљудување на 30 мај 2022 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради донесени одлуки на собранијата на акционери за преобразба на акционерските друштва во друштва со ограничена одговорност (ДОО).











