
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми пред денешните одлуки и пораки од лидерите на ФЕД.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,82 поени, додека вчера во ова време беше 98,65 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 151,90 на 152,45 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1630 долари, додека вчера во ова време беше 1,1665 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, малку паднаа трет ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот се намали утрово за 0,11 проценти, на 64,35 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,12 проценти, на 60,10 долари.











