Цената на златото порасна на 3.964,09 долари за унца

Цените на златото денес пораснаа за 0,9 проценти на 3.964,09 долари за унца, поддржани од послабиот долар и намалувањето на каматната стапка од страна на Федералните резерви, додека инвеститорите останаа претпазливи во врска со исходот од трговскиот договор меѓу американскиот претседател и Кина.

Фјучерсите за злато во САД за испорака во декември паднаа за 0,6 проценти на 3.977,10 долари за унца, објави Ројтерс.

Индексот на доларот падна за 0,2 проценти откако достигна двонеделен максимум во однос на конкурентите во среда, што го направи златото подостапно за сопствениците на други валути.