
Комерцијална банка А.Д. Скопје информира дека исплатата на пензиите ќе започне во утре, на 31 октомври.
Пензионерите кои користат дебитна картичка ќе можат да располагаат со својата пензија уште истиот ден. Од Банката потсетуваат дека плаќањето со картичка е побезбедно и поудобно, без потреба од готовина – било во продавници, онлајн, или при подигање готовина од банкомат.
За оние кои претпочитаат лично да ја подигнат својата пензија, тоа ќе можат да го направат во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка од петок, 31 октомври, како и во секој нареден работен ден.














