Во Шпанија, рекордни 75 милиони туристи, потрошувачката надмина 100 милиони евра

Шпанија регистрираше рекордни 76,5 милиони странски туристи во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување од 3,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека туристичката потрошувачка за прв пат надмина 100 милијарди евра, објави Националниот институт за статистика (INE).

Вкупната потрошувачка на туристи достигна 105,8 милијарди евра, што претставува раст од седум проценти во споредба со 2024 година, објави шпанскиот „Ефе“.

Просечната потрошувачка по турист е 1.380 евра, додека просечната дневна потрошувачка се искачи на 204 евра, што е зголемување од 4,5 проценти.

Во септември е забележан побавен раст на туристичките пристигнувања, со 9,7 милиони посетители, што е зголемување од само 0,8 проценти во однос на претходната година.

Меѓу главните земји-извор, само Обединетото Кралство забележа зголемување на бројот на туристи во септември – два проценти, додека Германија и Франција забележаа намалување од 2,5 проценти и 1,6 проценти, соодветно. Во првите девет месеци, од Обединетото Кралство пристигнале 15,3 милиони туристи, 10,2 милиони од Франција и 9,5 милиони од Германија.

По автономна заедница, Каталонија остана најпосетувана со 15,8 милиони странски туристи, Балеарските Острови забележаа раст од три проценти со 13,7 милиони посетители, додека Андалузија ги престигна Канарските Острови со 11,5 милиони посетители, што е зголемување од 7,3 проценти.