Европа на раб на нова енергетска драма – цените може да експлодираат

Европската Унија би можела да предизвика невиден скок на цените на гасот ако продолжи со плановите за постепено укинување на увозот од Русија, предупреди во петокот Леонид Михелсон, претседател на енергетскиот гигант „Новатек“.

Русија држи околу десет проценти од глобалниот пазар на течен природен гас (LPG), рече Михелсон на Евроазискиот економски форум во Истанбул, објави „Политика“.

„Исклучувањето на руските добавувачи од глобалниот биланс на гас би било едноставно невозможно. Тоа би предизвикало невидено зголемување на цените, а европскиот потрошувач би платил најмногу“, рече шефот на втората најголема гасна компанија во Русија.

Михелсон ги спореди потенцијалните последици со кризата од 2021 година, кога постпандемискиот пораст на побарувачката ги турна цените над 1.200 долари за 1.000 кубни метри. Тој додаде дека Москва ќе го пренасочи извозот кон други земји ако ЕУ воведе целосна забрана за рускиот гас.