
Минатата година, Европската Унија имаше трговски дефицит од околу 52,6 милијарди евра со земјите од Индо-пацифичкиот регион, објави Евростат.
Статистичкиот завод на Европската Унија наведува дека вкупната трговија меѓу двата региона минатата година изнесувала околу 848 милијарди евра.
Од тоа, уделот на увозот во ЕУ од Индо-пацифичкиот регион изнесувал околу 450,3 милијарди евра, а извозот достигнал 397,7 милијарди евра.











