
Американските акции беа претежно во пад на отворањето вчера, првенствено поради губењето на пазарната вредност на компаниите во областа на вештачката интелигенција поради неизвесноста кога станува збор за проценките за иднината.
Така, берзанскиот индекс Dow Jones падна за 455 поени, или 1,0 проценти, S&P 500 за 1,1 процент, а Nasdaq за 1,8 проценти, објави CNBC.
Акциите за вештачка интелигенција останаа во фокусот на Волстрит, при што повеќето од нив паднаа, при што Qualcomm падна за 4 проценти, дури и откако производителот на чипови објави подобри од очекуваните квартални резултати.











