Рено го претстави електричниот Твинго што ќе се произведува во Словенија

Францускиот производител на автомобили „Рено“ го претстави новиот електричен мал градски автомобил „Твинго“, кој беше развиван две години со помош на инженерски тим од Кина, а ќе се произведува во Словенија и ќе се продава на почетокот на 2026 година, објави компанијата.

„Рено“ сака да го искористи популарното име на моделот и цената под 20.000 евра за да ја зголеми продажбата на своите електрични возила, објави „Ројтерс“.

Новиот „Твинго“ ќе ги задржи контурите на својот претходник од 1992 година и неговите препознатливи тркалезни фарови.