Бундесбанк: Германските банки не се толку стабилни како што изгледаат

Во својот последен извештај за финансиската стабилност, германската Бундесбанк предупредува на зголемување на ризиците во кредитните активности. Обемот на лоши кредити расте во банките веќе три години по ред.

Покрај тоа, банките работат помалку профитабилно поради американските тарифи што го попречуваат германскиот извоз. Бундесбанк сугерира дека големите германски банки кои се под посебен надзор на Европската централна банка не се толку стабилни како што изгледаат, што би можело да претставува проблем во случај на потенцијална криза или голем шок од странство.

Во исто време, централната германска банкарска институција го критикуваше растечкиот јавен долг на европските земји, што би можело да ги дестабилизира и германските комерцијални банки (преку девалвација на ризичните државни обврзници). Поминаа деновите кога државните обврзници беа безбедно засолниште. Тие исто така потсетија дека УниКредит, која се подготвува да ја преземе Комерцбанк, има голем удел во италијанските државни обврзници во своите биланси.