Позитивен старт на неделата за европските пазари

Европските берзански индекси денес растат по сигналите дека се приближува договор меѓу демократите и републиканците што би можел да го прекине затворањето на федералната влада во Соединетите Американски Држави.

Некои демократски сенатори се согласија да гласаат за пакет за финансирање и договор што, доколку биде усвоен, би ја рестартирал федералната влада во јануари и би ги поништил некои отпуштања, изјавија извори запознаени со ова прашање за CNBC.

Инвеститорите ќе го следат почетокот на самитот за климата COP 30 на Обединетите нации во Бразил, како и отворањето на самитот за технологија во Лисабон.