Објавена новата Листа на должници: 2024 фирми и 4017 физички лица должат над 12 милијарди денари

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.11/2025 за долгови доспеани до 31.07.2025 и неплатени до 31.10.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица

На Листата на должници бр.11/2025 објавени се 2024 должници – правни лица (помалку за 17 од претходната листа) и 4017 физички лица (повеќе за 24 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2025 изнесува 12.061.408.674 денари, (помалку за 155.920.964 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.892.002.551 денари, (помалку за 166.708.561 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 169.406.123 денари (повеќе за 10.787.597 од претходната листа).