Конкурентноста на германската индустрија е на рекордно ниско ниво

Германските индустриски компании веруваат дека нивната конкурентност е на рекордно ниско ниво, според извештајот објавен денес од Минхенскиот институт за економски истражувања IFO од Минхен за октомври.

Повеќе од една третина од компаниите, 36,6 проценти, изјавиле дека се помалку конкурентни од конкурентите надвор од Европската Унија, што е значително зголемување од 24,7 проценти во јули и највисоко досега забележано во овие анкети.

Дополнително, дури 21,5 проценти од германските компании веруваат дека заостануваат зад конкурентите во Европската Унија, што е исто така негативен рекорд.