
Согласно Глава 6 и член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, фармацевтската компанија „Реплек“ АД Скопје ја информира јавноста за промени во сопственичката структура на акционери со повеќе од 5% учество.
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на компанијата, Душан Пецовски, кој е воедно и акционер со над 5% од капиталот, се стекнал со 25 нови акции. Со оваа трансакција, Пецовски сега поседува вкупно 31.900 акции, што претставува 12,31% од вкупниот број издадени акции на „Реплек“.
Истовремено, Отворениот задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ купил 113 нови акции, со што неговото учество во капиталот на компанијата достигна 16.703 акции, односно 6,44% од вкупниот број акции.
Од друга страна, компанијата „Настел“ ДООЕЛ, исто така акционер со над 5% учество, извршила продажба на 167 акции. По оваа промена, „Настел“ поседува 16.045 акции, што претставува 6,19% од капиталот на „Реплек“ АД Скопје.











