
Инфлацијата во Германија падна на 2,3 проценти во октомври, што е во согласност со прелиминарните проценки и е помала од претходниот месец, кога изнесуваше 2,4 проценти, објави денес Федералниот завод за статистика на Германија.
Стапката на раст на потрошувачките цени на стоките е малку намалена, на 1,2 проценти (во споредба со 1,4 проценти во септември), објави „Трејдинг економикс“.
Ова првенствено се должи на падот на цената на храната, на 1,3 проценти (наспроти 2,1 процент) и покрај впечатливото зголемување на цените на овошјето (3,1 процент), шеќерот и кондиторските производи (8,2), како и месото и месните производи (4,3).













