
Трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп не е толку штетна за европската економија како што првично се очекуваше, а има знаци за стабилно закрепнување во еврозоната, изјави членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Мартин Кохер.
Во интервју за бриселскиот весник „Политико“, тој истакна дека нема значително намалување на стапката на економски раст во Еврозоната, ниту пак имало инфлаторни ефекти од трговските конфликти што се очекуваа во март и април.
Кохер, поранешен министер за економија, а сега гувернер на Австриската национална банка, сепак предупреди да не се биде преуверен.













