
Во периодот јануари – септември 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 106 милиони денари, објави Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 134 137 000 денари, што е за 63.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 106 188 000 денари, што е за 29.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2025 во однос на истиот период од 2024 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.8807 денари.
Во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од претходната година:
- За 63.1 % е намалена вредноста на договорените градежни работи во странство
- За 29.2 % е намалена вредноста на извршените градежни работи во странство











