Инженерите на Форд го расклопија Тесла Модел 3 и некои кинески возила: Бевме шокирани од она што го видовме!

Извршниот директор на Форд, Џим Фарли, изјави дека инженерите на Форд биле воодушевени кога почнале да го расклопуваат Тесла Модел 3 и неколку електрични автомобили произведени во Кина за да сфатат колку далеку стигнале тие производители во однос на трошоците, ефикасноста и интеграцијата на софтверот.

„Кога ги расклопивме, беше шокантно она што го откривме“, изјави тој за поранешната новинарка на Волстрит Џурнал, Моника Ленгли, во подкастот на Office Hours: Business Edition.

Инженерите на Форд брзо дознаа дека Форд Мустанг Мах-Е имал дополнителна 1 милја електрично поврзување во споредба со Модел 3, додавајќи непотребна маса и сложеност. Тоа откритие, и други слични на него, го убедија Фарли да ги оддели електричните операции на компанијата во посебна подружница на Модел Е во 2022 година. Досега, таа дивизија бележи големи загуби, но Фарли нема намера да се откаже бидејќи пазарот на електрични автомобили расте глобално. Еден од најважните претстојни проекти на компанијата е електричен пикап со средна големина со цена од околу 30.000 долари.
Фото: Printscreen