
Компанијата ОИЛКО КДА – Скопје го зголеми својот сопственички удел во „Макпетрол“ АД Скопје, покажува известувањето објавено на Македонската берза.
Акционерот ОИЛКО КДА – Скопје се стекна со дополнителни 956 обични акции од Макпетрол АД Скопје, со што неговото учество во компанијата достигна 31.229 акции, односно 27,79% од вкупниот број на издадени акции, објави Македонската берза АД Скопје.
Акцијата на Макпетрол се тргува по просечна цена од 116.000,00 денари











