
Кинеската технолошка компанија Xiaomi денес објави дека за прв пат остварила профит во своите бизниси за електрични возила (EV) и вештачка интелигенција (AI), додека нејзината вкупна квартална нето добивка се зголеми за речиси 81 процент во споредба со истиот период минатата година.
Прилагодената нето добивка на компанијата за третиот квартал од 2025 година изнесува 11,3 милијарди јуани (околу 1,45 милијарди евра), додека пред прилагодувањето растот на профитабилноста достигна 129,5 проценти на годишна основа.
Во исто време, приходите на кинеската компанија се зголемија за 22,3 проценти на годишно ниво на 113,1 милијарди јуани (околу 14,55 милијарди евра).











