„Рено“ и кинески „Џили“ започнаа со производство на два нови автомобили во Бразил

„Рено“ објави дека ќе започне со производство на два нови автомобили во Бразил во втората половина на 2026 година.

Во проектот за производство на нови возила, францускиот производител ќе соработува со кинескиот партнер „Џили“, објави АП.

Двете групи, исто така, објавија дека ќе инвестираат 3,8 милијарди реали (616 милиони евра) во индустриски комплекс во јужноамериканската земја.