
На 18 ноември, Нафтената индустрија на Србија (НИС) поднесе ново барање за издавање посебна лиценца до Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при Министерството за финансии на САД, со што се сака да се олесни непреченото работење на компанијата, објави денес НИС.
Претходната лиценца од 14 ноември, со важност до 13 февруари 2026 година, ги одобри преговорите на акционерите и другите заинтересирани страни за промена на сопственичката структура на НИС.
Во согласност со статусот на преговорите меѓу акционерите и заинтересираните страни, до ОФАК е испратено барање за добивање нова лиценца што би ѝ овозможила на оваа компанија да работи додека траат преговорите за одржливо решение за НИС, се вели во соопштението.











