Годишната инфлација во еврозоната за октомври потврдена на 2,1 процент

Годишната инфлација во Еврозоната се намали од септемвриските 2,2 проценти на 2,1 процент во октомври, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Евростат.

Во услужниот сектор на Еврозоната, во октомври е забележана инфлација од 3,4 проценти на годишно ниво, што претставува забрзување во споредба со септемвриските 3,2 проценти.

Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 2,5 проценти на годишно ниво, со побавно темпо од септемвриските три проценти, а цените на индустриските стоки освен енергијата се зголемија за 0,6 проценти, во споредба со зголемувањето од 0,8 проценти во септември.