Продажбата на вотка во Русија се намали за околу четири проценти на годишно ниво

Малопродажбата на рускиот национален алкохолен пијалок, вотка, се намали за 3,7 проценти на годишно ниво, објави Руската федерална служба за контрола на пазарот на алкохол и тутун.

Според овие податоци, од јануари до октомври оваа година, на рускиот пазар се продадени 60,22 милиони декалитри вотка, објави ТАСС.

Покрај тоа, продажбата на коњак и бренди се намали за 9,1 процент на 10,3 милиони декалитри.